Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за образование, наука и спорт, за труд и социјална политика, за здравство и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование, по скратена постапка, во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа по Предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Предлог закон за вработување и работа на странци, двата по скратена постапка, во второ читање.

Измените на Законот за здравствено осигурување, по скратена постапка, во второ читање, се на дневен ред на Комисијата за здравство. 

Сите овие закони се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија. 

 
 
07.12.2015 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега