Важно известување од Катастарот

Електронскиот шалтер, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија денеска и утре нема да примаат барања и да издаваат податоци.

Причината за ова е надоградба на електронскиот систем со нови хардверски решенија.

- По надоградбите на електронскиот систем и хардвер, Катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците, информира Агенцијата за катастар на недвижности.

 
 
07.12.2015 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега