Нови детали од МВР за мигрантите

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 06.12.2015  издадени се потврди на вкупно 4.501 странски државјани, од кои 1.966 се од машки пол, 889 се од женски, 1.297 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 349 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на   Сирија-2.121,  Ирак-1.642 и Авганистан–738.

 Во периодот од 19.06.2015 до 06.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 313.656 странски државјани, од кои, 178.063 се од машки пол, 49.881 се од женски, 68.625 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.087 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-183.499, потоа Авганистан-75.505, Ирак-33.211, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број. 

 Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 06.12.2015 до Секторот  за азил  поднесено е едно   барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на државјанин на Ирак.

 

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 06.12.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23  деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

 

 

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 06.12.2015 година евидентирани 

 
 
07.12.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега