Жителите во паника: Вахабист се заканил дека ќе убива за Нова година

Жителите на Корај, БиХ, се во страв, откако вахабист им се заканал дека за Нова година ќе убие најмалку 40 луѓе.

Мажот кој им се заканува е со надимак Пухавац, кој претходно живеел во населбата Корај, а поради облекувањето и начинот на кој го вршел верскиот обред е избркан од џамијата. После тоа, Пуховац го напуштил тоа место.

„Уплашени сме и се надеваме дека некој ќе го сопре мажот кој му се заканува на народот. Не смееме да дозволиме терор во државата и затоа мора да ја предупредиме јавноста со заканата со која сме соочени. Некој мора да реагира, нашата безбедност е загрозена“, рекоа жителите за босански Аваз.

 
 
09.12.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега