Јас не ја убив Мери Јошевска - Хаџиски со шокантни искази пред пресудата закажана за понеделник

Адвокатите на Миле Хаџиски побара ослободителна пресуда бидејќи обвинението не било докажано. Обвинителството побара најстрога казна за Хаџиски и во детали го опиша убиството на Јошеска, пренесува ВЕЧЕР.

 - Јас сум најголемиот грешник, но убеден сум дека јас не ја убив Мери Јошевска. Убиството има друга позадина. Ги разбирам нејзините најблиски и нивниот гнев кон мене“, изјави МИле Хаџиски во своите заврфШни зборови на денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд на процесот на убиството на Јошевска во даклечната 1993 година.

Мајката на Мери, Јелица,од друга страна пак обраќајки се пред судкиот совет му посака на Хаџиски да заврши исто како и нејзината ќерка со 40 убоди од нож.

Хаџиски изјави дека ги разбира тешките зборови на семејството упатени кон него, но случајот според него, имал друга позадина.

 – Мери повеќе не е меѓу нас, не можам да ви ја опишам мојата тага и болка и товарот со кој што сум живеел сиве овие години. Кога би можел би го заменил своето место со неа. Ги разбирам тешките зборови на нејзиното семејство упатени кон мене. Знам дека тие се убедени дека јас сум злосторникот. И нив ги убедиле луѓе кои сакале да сокријат друга позадина што стои зад ова. И нив ги убедиле истите луѓе кои ме пречекаа во 1993 година во полициска станица и ми рекоа Ти ли си Хаџиски? Ме присилија на различни начини да потпишам десетици документи со кои го напишаа црното сценарио, со кои ми ја дадоа главната улога и ме убедија дека јас сум го сторил убиството. Ме убедија да ја напуштам државата со заплашувања и со фотографии од весници од претепани затвореници, рече Хаџиски.

 

 
 
09.12.2015 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега