Пејачката Александра урлала во полиција: „Знаете ли вие која сум јас?„

Познатата пејачка чии хитови допираат до сечие срце, Александра Радович, направила хаос во Министерството за внатрешни работи, додека чекала да и биде издаден пасошот. Пејачката пред неколку неделинаправила прав скандал кога почнала буквално да урла на вработените дека не треба да чека ред и дека таа има предност бидејќи е голема ѕвезда. 

Според извор на српскиот Старс, пејачката рано наутро дошла по својот пасош, а откако видела дека има гужва се разбеснила.

- Александра направи скандал и толку викаше што службениците излегоа од канцеларија. Кога и било објаснето дека како секој граѓанин и таа треба да си го чека редот, почнала да вика "Знаете ли која сум јас, јас сум ѕвезда а да чекам во ред?", вели изворот за Старс.

Подоцна полицајците ја предупредиле дека ако не се смири ќе треба да го напушти местото со нив.

Пејачката не кренала на телефон кога и ѕвонела екипата на Старс за да ја праша за настанот.

 
 
10.12.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега