Сте направиле некој грев? Денешниот светец ќе ви помогне да се вратите на вистинскиот пат

 

Денеска се слави Св. Јаков Персијанец.

Се роди во Елапа, Персија, од родители христијани. Му беше миленик на персискиот цар Издигерд и имаше високо место на дворот. Почестите што му ги даваше царот му го замрачија умот, па во една прилика се најде себеси како заедно со царот им принесува жртви на глувите и неми идоли. Кога дознаа за тоа, неговите родители му испратија писмо во кое го оплакуваа како духовен мртовец и го молеа да се покае и да му се врати на Христа. Тој се покаја, па смело излезе пред царот како христијанин. Овој пак, заборави на својата љубов и нареди Јакова да го исечат на парчиња. Свети Јаков пострада во 400 година. Дел од неговите мошти се наоѓаат во Рим.

Овој светец во еден момент го изгуби вистинскиот пат на верата, но се покаја, па затоа се смета за заштитник на сите кои некогаш погрежиле, но ја увиделе својата грешка.

Ако денеска чувствувате дека сте на погрешен пат, а длабоко во душата знаете дека сте погрешиле, тогаш никогаш не е доцна да се покаете.

 
 
10.12.2015 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега