Совет од мајка Тереза: Што да направите со луѓето кои се лоши кон вас?

Мајка Тереза го помина животот служејќи им на сиромашните, болните, сираците и оние кои цел свет ги заборави и отфрли.

За среќа, таа советувала:

„Луѓето можат да бидат неразумни, нелогични и егоистични. Сеедно, простете им.

Ако негувате добрина, а луѓето ве обвинуваат, тајно и од лични причини: Сеедно негувајте добрина. Ако постигнавте успех, околу вас може да се појават многу имагинарни пријатели, и вистински непријатели: Сеедно, постигнувајте успех и понатаму. Ако сте искрени и отворени, а луѓето ве залажуваат: Сеедно бидете искрени и отворени.

Она што сте го граделе низ годините, може да биде уништено преку ноќ: Сеедно градете. Ако сте пронашле спокој и среќа, ќе ви завидуваат: Сеедно, бидете среќни. Доброто кое ќе го направите денес, луѓето ќе го заборават утре: Сеедно, правете добро. Делете со луѓето се што имате, и тогаш нема да им биде доволно: Сеедно, делете се што имате. На крајот, ќе се уверите и самите, дека ова е меѓу вас и Бога: Сеедно, тоа никогаш не било меѓу вас и нив“.

 
 
10.12.2015 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега