Почнува реконструкцијата и проширувањето на улицата „Борис Трајковски“

Почнуваат градежните работи на третата фаза од проектот за реконструкција и проширување на улицата “Борис Трајковски”. Проектот е во вредност од 4,2 милиони евра што Градот Скопје ги обезбеди од централната власт преку Проектот за подобрување на општинските услуги на Светска банка.

Проширувањето и реконструкцијата, кое стартува денеска, во оваа фаза ќе се врши на потегот од фабриката Стаклара до влезот во населбата Пинтија, со вкупна должина од 2.200 метри. Булеварот ќе биде со ширина од 13,75 метри, со четири ленти и пешачка и велосипедска патека од двете страни на коловозот. На новиот булевар ќе се постават и нови семафори и целосно нова хоризонтална и вертикална сигнализација.

Градежните работи на улицата „Борис Трајковски“ ќе се искористат и за изградба на нова атмосферска канализација по должината на улицата, ќе биде извршена заштита и дислокација на постојните подземни инсталации (електрични и телекомуникациски),  а ќе биде поставено и целосно ново улично осветлување.

Градежните работи ќе ги изведува конзорциум од фирмите „Бетон“, „Бауер“ и бугарската „Понстрој инженеринг“. Работите треба да завршат за 18 месеци.

12.12.2015 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега