Работник загина во центарот на Скопје - метална цевка му паднала на глава

Работник загина додека работел на градежен објект.

Вчера околу 15.40 часот во Скопје на ул.„Македонија“, во објект во изградба на ЕЛЕМ, при вршење работни задачи,  на Т.П.(51) од Скопје му паднала метална цевка на глава од скеле, при што истиот починал на лице место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот изршила екипа од полицијта. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
12.12.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега