Стружани дивееле во ноќен клуб поради сметка: Девојка заврши во болница

Полицијата за време на викендот добила пријава за нарушен јавен ред и мир во ноќен локал во Струга од страна на Д.С.(25) и Ѓ.С.(24) двајцата од населба „Езерски лозја“-Струга уште две засега непознати лица.

-Истите не сакале да ја платат сметката за донесена нарачка, по што започнале расправија со келнерите и обезбедувањето, а потоа и со сопственикот на објектот, па физички го нападнале, а почнале да го кршат и инвентарот. Од исфрланите предмети од нивна страна со тешки телесни повреди се здобила 22 годишна жителка на Струга, која била пренесена во медицинскиот центар во Струга и по укажаната лекарска помош е задржана на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Извршен е увид на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
14.12.2015 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега