ВИДЕО: Погледнете го изразот на лицето на Хаџиски кога ја слушна пресудата 20 години затвор

Правдата понекогаш е бавна, ама е достижна. Со овие зборови судијката Татјана Михајловска попладнево го осуди Миле Хаџиски на 20 години затвор за убиството на скопјанката Мери Јошевска, кое се случи во 93-тата.

Потенцираше дека со оваа пресуда по цели 22 години покојната Мери ќе најде мир, а нејзините најблиски ќе веруваат дека ова е правна држава.

До правосилноста на пресудата, Хаџиски останува во притвор. Неговата одбрана пак смета дека казната затвор е превисока и дека во  овој случај не биле земени предвид никакви олеснителни околности.

Според обвинението Хаџиски во 1993-та по кратка расправија со Мери Јошевска во стан во скопски Аеродром започнал да ја дави, со пепелник ја удрил по главата, а потоа и пресудил со 40 убоди од нож во градите и стомакот.

Откако тогаш беше осуден на 20 години затвор, тој две децении остана недостапен за македонската полиција.

По 22 години бегство Хаџиски во август годинава беше екстрадиран од Франција, а третиот судскиот процес за убиството на Јошевска, започна по негово барање.  

ВИДЕО: Сител

 
 
14.12.2015 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега