Шестмина тешко повредени на скопските улици

Шест лица се повредени во шест од вкупно десет регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите 24 часа во Скопје. Со полесни повреди се здобиле возач на патничко моторно возило, сопатник, тројца пешаци и велосипедист. Четири сообраќајки се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера открила и санкционирала 40 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 14 не користеле безбедносен појас или користеле мобилен телефон  при возење, шест возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, четворица возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, а 20 пешаци сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 79 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Јакија Кемал“ во општина Карпош со ученици од четврто одделение.

Поранешни вработени во ОХИС денеска со почеток во 10 часот и родители на деца со посебни потреби  во 13 часот ќе одржат мирен протест пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот, информира МВР.

 
 
15.12.2015 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега