Падна познат бизнисмен од Битола: Ќе одговара за 1,7 милиони евра

Грчки државјанин, сопственик и управител на фирмата Ирис Текстил ДООЕЛ Битола е осомничен за незаконско изнесување на 1.700.000 eвра надвор од Македонија, односно на Кипар.

 

Од страна на инспекторите од Финансиската полиција утврдено е дека во Никозија, Кипар правниот субјект Ирис текстил ДООЕЛ Битола има склучено два идентични договори со фирмите Ноело ЛТД и Бреска ЛТД и двете со седиште во Никозија. 

Од извршениот увид на потпишаните договори утврдено е дека двете фирми се регистрирани на исто седиште Archiepiskopou Makariou III, Capital Centre 5-th flour 1065 Nicosia и двете се претставувани од ист директор. 

Предмет на овие договори е уредување на односот меѓу двете договорни страни каде наводните посредници (Ноело ЛТД и Бреска ЛТД) се обврзале да работат на пронаоѓање и обезбедување контакти со претставници кои ќе преговараат за склучување на договори за продажба на стоки од производната линија на Ирис Текстил ДООЕЛ Битола за грчкиот пазар. 

За успешно завршената работа во наоѓањето на нови пазари, првопријавениот на посредничките фирми од Кипар требало да им плаќа провизија од едно до пет евра (1-5 евра) по единица продаден производ.

Врз основа на вака склучените договори, пријавениот во неговата сметководствена евиденција во текот на 2014 година евидентирал странски фактури за наводно посредништво од фирмата Бреска ЛТД Кипар (Никозија) каде за период од 01.01.2014 до 31.12.2014 година евидентирани се обврски во вкупен износ од 1.090.761 евра од кои на сметка во Кипар исплатени се 838.000 евра. Истиот рецепт за изнесување на пари од Република Македонија е применет и со фирмата Ноело ЛТД Кипар (Никозија) за која за период 01.01.2014 до 31.12.2014 година во сметководството на Ирис Текстил евидентирани се наводни обврски во вкупен износ од 1.100.000 евра од кои на сметка во Кипар исплатени се вкупно 862.000 евра. 

Од увидот на доспеаните влезни фактури од двете фирми од Никозија-Кипар за периодот 01.01.2014-31.12.2014 година утврдено е дека истите се со опис „провизија за извршениот извоз во странство“.

Имајќи го во предвид фактот дека правниот субјект Ирис текстил ДООЕЛ Битола нема сопствено производство и продажба на свои производи на странски пазар бидејќи работи на лон систем на производство, како и фактот дека по склучувањето на договорите со фирмите од Кипар наводни посредници и пронаоѓачи на нови пазари, Ирис Текстил ДООЕЛ Битола нема склучено ниту еден нов договор за продажба на производи во Грција или во друга земја, јасно е дека влезните фактури се со невистинита содржина и се искористени само за испумпување на парите од сметките на македонската фирма на сметки во Кипар

Со превземените дејствија, пријавениот Д.Л(53) само на име затаен данок, Република Македонија ја оштетил за сума од над 400.000 евра.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава

 
 
16.12.2015 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега