Мислевте дека топлото помага ако ве боли грло? - послушајте ги овие совети

Ова е период на настонки, вируси и грипови, па токму затоа треба да се заштитиме себеси. Ако почувствувате дека ве боли грлото, потребно е веднаш да престанете да ја внесувате во телото оваа храна, за да си помогнете самите на себе.

Пе

цкањето, гребењето и болката се само дел од непријатностите кои може да ги имате во грлото. Еве како да се заштитите:

БИЛО ШТО ТОПЛО

Иако чуството на топол чај, супа или било што друго што е топло е пријатно за вашето грло, сепак не користете врели напивки додека имате проблеми. Иако моментално ќе ви го смират грлото, потоа ќе почувствувате уште поголема болка бидејќи топлото потоа ќе ја зголеми болката. Затоа, почекајте храната и пијалокот малку да се олдат, за да не си создадете дополнителен проблем.

КИСЕЛО

Киселото никако не е пријател на вашето грло додека истото ве боли, пече или гребе. Избегнувајте овошје и зеленчук кои се кисели, како и премногу кисели напивки и јадења. Тука спаѓаат, портокали, лимон, сирење, зимница.

СОЛЕНО

Иако морската сол се смета дека помага, сепак пресолената храна има сосема спротивен ефект. Тие го нагризуваат ткивото и може да ви создадат тешкотии.

ЛУТА И СУВА ХРАНА

Лутта и премногу зачинета храна се нешто од кое треба да се држите настрана додека имате вирус или грип. Истот важи и за сувата храна. Цврстата и остра храна секако може дополнително да го разгриза грлото.

Послушајте ги овие совети и олеснете си себе си.

 

 

 

 
 
16.12.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега