Пророштвото на Ван Ренсбург предвидува нуклеарна војна меѓу Русија и САД

Крајот на 19 и почетокот на 20 век, во Јужна Африка живеел човек по име Зајнер Ван Ренсбург. Тој за себе оставил бројни пророштва од кои повеќето се обвистинија.

Ван Ренсбург многу зборел за надоаѓањето на Третата светска војна. Еве што тој напишал:

„Поради тоа што Англија се плаши од руски напад, таа тајно соработува со Русите. Таа ќе ги подели со Русија тајните планови на Западот и ќе потпише договор против САД. Русија нема да им верува на Англичаните. САД ќе дозна за предавството и ќе дојде до голем конфликт меѓу американската и британската војска во Египет по почетокот на светската војна. Англиската војска ќе биде поразена а сите преживеани ќе бидат заробени.

Англичаните ќе се обидат да побараат помош од Јапонците, но безуспешно. Русија преку ноќ ќе мине низ Турција до Суецкиот регион, а Турција нема да пружи никаков отпор. Русите ќе се сретнат со американската војска во Сирија и Палестина каде Американците ќе ги запрат. Палестина ќе биде уништена во конфликтите. Некои Арапи ќе застанат на страната на Американците. Многу нафтени полиња на Блискиот исток ќе се запалат. САД со своето напредно оружје ќе ја порази руската војска.

Русите ќе се пробијат низ Шпанија до Гибралтар, а кога таму ќе бидат запрени, тие ќе се упатат кон Англија и ќе нападнат од воздух. Англија ќе биде целосно уништена.

Многу нации ќе исчезнат во војната со атомски бомби. Ќе биде тоа ужасна војна.

Јужна Африка ќе преживее. Англија ќе стане ништовна, а Ирска ќе се отцепи од Англија. Холандија ќе се предаде без борба. Франција некако ќе преживее. Русија ќе биде готова, а САД ќе биде ослабена. Германците ќе прогласат мир во Европа и ќе станат најсилна нација за многу кратко време.

Германците ќе ја искористат шансата и ќе и се одмаздат на Англија кога ќе биде целосно разурната. Војската на САД во Европа ќе се повлече, но подоцна ќе се врати со посилна за да го спречи продорот на Русите кон Шпанија.

Дали Велика Британија навистина ќе го издаде САД? Дали е такво нешто возможно? Ван Ренсбург вели дека Велика Британија се плаши од руските бомби. Ако се земе во предвид веста која неодамна се појави:

„Русија е подготвена на нукеалрна војна“.

„Русија испраќа сигнали за нуклеарна војна кон Турција“.

„Русија ги бира нуклеарните сојузници за војна против НАТО“.

„Путин се заканува дека ќе употреби нуклеарно оружје против НАТО“.

„Путин се заканува дека ќе употреби нуклеарно оружје против ИСИС“.

Прашање е само колку нас времето не дели од ваквите настани. Според пророштвото, војната ќе избие во Европа во април или мај. Тоа би можело да значи дека конфликтот на Блискиот исток ќе почне пред април или мај.
Турција неодамна ја испровоцира Русија два пати. Дали следниот пат ќе биде фатален.

 
 
18.12.2015 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега