ВИДЕО: Меколи Калкин откри што се случи со Кевин од филмот „Сам дома“

Поминаа 25 години од празничниот, семеен класик „Сам дома“ и дури сега дознаваме како денес би изгледал малиот и снаодлив Кевин.

Иако веќе знаеме како изгледа и што прави некогашната детска ѕвезда Меколи Калкин (35), никогаш не дознавме во каква “состојба“ би бил денешниот Кевин Меккалистер, ликот од хит филмот „Сам дома“, толкуван од овој актер.

Благодарение на веб серијата „Dryvrs” конечно добивме вовед во потенцијалната сегашност на Кевин, кој како 8-годишно дете беше оставен сам дома, а потоа и во непознат град.

Имено, Кевин денес има сопруга која работи како возач во јавниот превозен сервис, ги игнорира телефонските повици на својата мајка и им се жали на непознати луѓе за своето трауматично минато.

 
 
18.12.2015 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега