Исповед: Платен сум за да спијам со проститутки

Џон е неговиот псевдоним, има 60 години и разведен е, а заработува за живот така што спие со проститутки.

Џон е еден од приватните детективи ангажирани од страна на австралиската влада кои се преправаат дека се муштерии и така ги разоткриваат илегалните бордели.

-Сигурен сум дека многу мажи би ми завиделе кога би дознале како ги заработувам парите. А за тоа дали е добра работата ќе одговорам: Секако! Станува збор за многу добра работа, рекол Џон за Индипендент.

Властите без налог за претрес немаат пристап до ваквите локали, па поради тоа е многу тешко да се открие дали некој салон за масажа или салон за убавина, всушност е бордел. И тука настапува Џон.
Тој на полицијата ѝ носи многу сликовити детали за услугите кои се нудат, а извештаите кои ги исполнува имаат и по три страници, а вклучуваат точни датуми, време, луѓе, места, потоа кој, кога, како, колку и на кој начин.

-Тоа е документ кој ќе се користи на суд и затоа мора да биде прилично детален и точен. Тоа не е нешто што можете да го напишете за неколку минути. Ако добро погледнете, во таквите салони некаде ќе пронајдете известување дека не нудат сексуални услуги. Но, во текот на целата кариера, само три пати налетав на салон во кој, после некое време, не ми беше понудена малку дополнителна забава, вели тој.

Џон објаснува дека некои салони нудат сексуални услуги, кои тој љубезно ги прифаќа, но често станува збор само за „рачна работа“. Бидејќи, како што вели, работничките сакаат само што побрзо да завршат со тоа и да продолжат понатаму.

Инаку тој за себе се смета за среќник бидејќи неговата работа е доста пријатна и флексибилна.

 
 
18.12.2015 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега