Најпознатите личности убиени од Илуминатите - На прво место Мерлин Монро

Смртта им е мистериозна, веројатно нешто што ги налутило “господарите на светот”.
Теоријата на заговор има една омилена територија – жртвите имаат мистериозна смрт наводно наредена од “господарите на светот” од мистериозното општество на Илуминатите, пишува illuminatirex.com.
За ова општество се тврди дека контролира се она што се случува на нашата планета и е во состојба да ја менува судбината на луѓето, како и тоа дека не се плаши да употреби екстремни мерки за убиство.

Последните години на социјалните мрежи  се појавуваат имиња на влијателни, познати и богати луѓе, кои поради некоја причина станаа пречка, биле застрелани или…

Ви нудиме избор на најпознатите имиња, чија смрт стана причина за различни коментари и за која недостасува причината.

mm

1- Мерилин Монро, официјален датум на смртта 5 август 1962 година.
Актерка, модел, убавица и секс симбол- ова општо може да се каже за Монро. Но, таа се вплеткува во една од најгласните љубовни афери во тоа време – со претседателот на САД Џон Кенеди. Евентуален скандал би можел да го урне Кенеди од власт, а тоа можеби не било предвидено од страна на Илуминатите.

dg

2. Мајкл Џексон, официјален датум на смртта 25 јуни 2009 година.
Смртта на кралот на попот е полна со мистерии. Официјалната верзија е дека Мајкл умрел од предозирање од седативи пропофол. Џексон немал никаква намера да се самоубива и тоа станува јасно од закажаната од него музичко турнеја што требаше да започне само неколку дена по неговата смрт. Што нè упатува да мислиме дека тој бил убиен.
Неговиот личен лекар Конрад Мареј го лекувал кралот едвај 4 месеци. За него стана јасно дека не бил дури професионално подготвен, бидејќи прв го наоѓа мртвото тело на Џексон и воопшто не можел да реагира адекватно. Покрај тоа, Мареј чекал цели 90 минити за да реагира, од визијата за погледот на Мајкл до повикот во болницата. Токму Конрад му го препишал пропофол на Џексон. Дури се снимени телефонски разговори на лекарот пред да се јави во “брзата помош”, што изгледа крајно сомнително.

ken

3.Џон Кенеди, официјален датум на смртта 22 ноември 1963 година.
Смртта на овој американски претседател е нејасна и денес, иако има истрага на американскиот Сенат, на ФБИ и на уште еден куп приватни бироа и полицајци. Комисијата “Ворен”, формирана да го истражува убиството, заклучува дека Ли Харви Освалд дејствувал сам кога пукал кон Кенеди во Далас.
Но, толку години подоцна многу од алтернативните теории уште се живи.
“Во музејот велатр има израз” наивен. Тоа е зборот, за оваа 50-годишнината. Освалд бил наивен кој е употребен за жртвено јагне”, вели Мајкл Фонтејн. Меѓу можните убијци се кубанските мафијаши, агенти на ФБИ, дури сопственици на шеќерните плантажи. Ништо не е сигурно до таква мера за да се прифати тоа од луѓето.

da

4. Принцезата Дијана, официјален датум на смртта 31 август 1997 година.
Дијана Спенсер, Доди Ал Фајед и возачот загинаа во Париз при несреќа додека беа прогонувани од папараците, откако излегоа од хотелот “Риц”. Лејди Дијана беше на 36 години, кога загина, а синовите принцот Вилијам и принцот Хари останаа без мајка.
Во 2008 година истрагата заклучи дека за трагедијата се виновни возачот и фотографите. Таткото на Доди, Мохамед Ал Фајед, од самиот старт тврди дека тие биле убиени. Во декември 2006 година операцијата “Падџет” излезе со заклучок дека нема докази за убиство и дека возачот Пол бил пијан и возел премногу брзо. Да поверуваме или не сепак оваа верзија сосема не е  јасна.

WhitneyHouston

5. Витни Хјустон, официјален датум на смртта 11 февруари 2012 година.
Многумина и досега веруваат дека музичкиот подем и слава на пејачката се должат на нејзините блиски врски со Илуминатите. Но договорот за нејзина заштита со нив веројатно бил нарушен откако Хјустон започна да ја злоупотребува дрогата и алкохолот и тоа може да ја предизвика нејзината смрт.
Од обдукцијата стана јасно дека освен марихуана и кокаин, во организмот имало различни количини на лековите Ксанакс (анти-депресив, кој се користи за лекување на панични растројства и различни степени на анксиозност) Флексерил (мускулен релаксант, се користи за лекување на сфаќања и грчеви) и Бенадрил (анти-хистамин, спречува различни алергиски реакции на организмот).
Секој од нив може да предизвика вртоглавица и поспаност, но сами по себе “овие лекови не ја предизвикаа нејзината смрт”, се наведува во извештајот на патолозите.

 
 
 
18.12.2015 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега