Шок во Тетово: Ученик извадил пиштол на училиште

Петнаесетгодишен малолетник вчера со празен гасен пиштол без рамка и куршуми им се заканувал на тројца ученици во основното училиште „Сами Фрашери“ селото Пирок, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово.

На инцидентот му претходела вербална расправија меѓу тројцата ученици од Пирок и 15-годишникот од Камењане во дворот на  училиштето. Расправијата во еден момент кулминирала и малку недостигало да прерасне во меѓусебна физичка пресметка по што тројцата влегле во училишниот објект. По нив тука влегол и 15-годишникот кој од појасот извадил пиштол, го репетирал, го вперил кон тројцата ученици и им се заканил, а потоа заминал.

Набрзо во близина на селските гробишта во Камењане 15-годишниот малолетник кој не бил ученик во тоа училиште бил пронајден и во присуство на родител бил повикан во СВР Тетово. Притоа кај него бил пронајден и одземен гасен пиштол „Екол“, без рамка и куршуми и по целосното расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок рече Јосифовски.

 
 
22.12.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега