Страшна несреќа во Гостивар: Тинејџерка ја прегази комбе, итно оперирана

Тинејџерка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која денес околу 8 часот се случила во Гостивар.

СВР Тетово информира дека несреќата се случила на булеварот „Браќа Ѓиновски“ кога патничко возило-комбе „Форд транзит“ со гостиварски регистерски таблици, управуван од 26-годишниот Б.Х. од Градец удрил во 19 годишната М.М.(19) од Дебреше.

Девојката се здобила со тешки повреди, скршеница на левиот дел од карлицата, и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, пренесена е на скопските клиники, каде ќе и биде извршен хируршки зафат.

По овластување на јавен обвинител извршен е увид и се утврдува причината за сообраќајната несреќа.

 
 
22.12.2015 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега