Крадците направија хаос: Кражби во повеќе градови низ Македонија

Крадците вчера направија парче. Пријавени се неколку кражби во повеќе градови низ Македонија.

Во 16 часот и 15 минути, во Прилеп на улицата„Борис Кидрич“, во куќата сопственост на Ц.П., непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот ја скршил влезната врата, влегол внатре и одзел пари и злато во вредност од околу 30.000 евра. 

Истиот ден во 8 часот во полицијата во Ѓорче Петров, пријавено е дека во селото Буковиќ во Основното училиште „Емин Дураку“, непознат сторител извршил тешка кражба во библиотеката која е во склоп на училиштето. Кражбата била извршена во периодот од 18.00 часот при што се одземени монитори од компјутери. Сторителот насилно, со погоден алат, ја отворил  влезната врата и вратата на библиотеката, влегол внатре, извршил претурање и пребарување и одзел 18 монитори. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР-Скопје. 

 

      Исто така, вчера  во 13.30 часот во Полицијата во Кавадарци, Д.Ѓ.(59) од Кавадарци, пријавил дека истиот ден  во периодот од 08.30 до 12.30 часот  непознат сторител извршил кражба во неговата куќа. Сторителот ја скинал мрежата  за заштита од инсекти, влегол внатре преку прозорот, извршил пребарување и одзел пиштол кал.7,65мм , а од друга просторија одзел моторна пила. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
 
22.12.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега