Народно верување: Денеска се слави светецот кој може сме го сретнале на улица

Денеска се слави Св. Спиридон.

Свети Спиридон живеел во четвртиот век на островот Кипар. Родителите му биле прости луѓе и тој од младоста чувал овци. Кога му дошло времето, се оженил, но наскоро останал вдовец, па целиот свој имот почнал да го користи за да им помага на бедните. Подоцна бил избран за епископ во кипарскиот град Тримитунт. Господ го прославил овој чудесен човек со даровите на чудотворство и прозорливост. Откако добро и послужил на Црквата, се упокоил во 350 година. Неговите мошти се пренесени во седмиот век во Цариград, а во времето на турското освојување биле пренесени на грчкиот остров Крф.

Постои верување според кое, Спиридон од време на време, доаѓа во царството на Земјата од небесното и како просјак или бездомник проверува дали луѓето и понатаму се придржуваат до христијанскиот завет дека секогаш треба да им се помогне на послабиот од себе.

 
 
25.12.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега