Се ближи Нова година, а вие сте настинати - еве како да оздравите најбрзо

Доколку имате болки во грлото, овој напиток е совршен за вас.

Комбинацијата на мед и лимон е најпозната комбинација која ја конзумираат луѓето додека се болни. Доколку кашлате или имате други болки од настинка, оваа мешавина ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

Потребно ви е:

1 шолја вода

сок од 1 лимон

1-2 лажици мед

рендан ѓумбир

Прво загрејте 250 ml вода. Сокот од лимон ставете го во шолјата заедно со ренданиот ѓумбир. Дојдајте мед и добро измешајте.

Во смесата додадете топла вода и повторно измешајте. Напиоткот се пие додека е топол.

 
 
26.12.2015 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега