Трагедија за Нова Година во Охрид: Дваесетгодишно момче пронајдено мртво на улица

Дваесетгодишно момче го загуби животот во новогодишната ноќ во Охрид, објави локалниот портал ohrid1.com.

Телото е видено околу 02 часот и 30 минути во близина на кафе барот „Табана“, по што со возило на Брза помош е пренесено во Општата болница во Охрид.

На хируршкото одделение, преземени се мерки за медицинска помош но и покрај тоа, лицето починало. По наредба на Јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот.

 
 
01.01.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега