Хорор утро по Нова Година во Штип: Избувна голем пожар

Пожар изби во зградата на старото Нервно одделение во Штип кадешто привремено се сместени семејства од социјално ранливите категории, главно од ромската заедница. Во пожарот нема повредени лица. 

Командирот на Територијалната противпожарна единица во Штип, Благоја Ренџов изјави дека пожарот е пријавен во 4:45 часот утринава кога е забележано дека гори кровот на зградата. 

 

- Веднаш интервениравме со четири противпожарни возила и 12 пожарникари. Комплетно се изгорени седум простории, а седум успеавме да ги спасиме. За среќа, нема повредени лица од семејствата коишто се сместени во оваа зграда, истакна Ренџов.

Интервенцијата траела до 12 часот, а по извршениот увид од страна на полициските службеници ќе се утврди кои се причините што го предизвикале пожарот.

 
 
01.01.2016 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега