Момчето од Охрид убиено во близина на неговиот дом - детали за црната Нова Година

Црна Нова Година во Охрид. Синоќа Македонија ја потресе веста дека младо момче било претепано до смрт за време на најлудата ноќ во годината. Димитар Матлиески, 26-годишно момче од Охрид  е убиено во строгиот центар на градот, на само дваесеттина метри од градскиот плоштад, во близина на неговиот дом, објави Денешен.

Причината за бруталното убиство е жестока вербална расправија, која настанала во кафулето Табана, помеѓу Димитар и туристи од Кралјево. Обезбедувањето ги  отстранило од угостителскиот објект, а надвор Димитар бил повторно физички нападнат од Србинот, кој му задал повеќе силни удари со раце и нозе, претепувајки го на смрт. Момчето кое веднаш било пренесено во болница, за жал им подлегнало на повредите.

Полицијата го пронајде насилникот, тој  е приведен заедно со уште  петмина српски државjани  кои се осомничени дека биле соучесници во тепачката.

 
 
02.01.2016 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега