Годината во Македонија почна со несреќи: Кумановчанец излета од пат

Новата година почна немирно. Вчера околу 08 часот на обиколницата Скопје кај клучката Стенковец во правец према Велес, се случила сообраќајна незгода во која „Ауди А3“ со кумановски регистерски ознаки управувано од 34-годишниот С.С. од Куманово излетало од патот. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката, 25-годишната С.А. исто така од Куманово и таа е пренесена и задржана во Ургентниот Центар во Скопје, а  возачот се здобил со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
02.01.2016 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега