Полицијата го фати: Дошол од Србија за да краде во Скопје

44-годишниот В.П. од Ниш, Република Србија си заработи кривична за „тешка кражба на особено дрзок начин“ и „тешка кражба во обид“ за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Кривичните дела, соопшти МВР, пријавениот заедно со уште едно засега непознато лице ги извршиле на 31 декември во раните утрински часови на улица „Париска“ на подрачје на Карпош.

Имено, првото кривично дело – тешка кражба на особено дрзок начин – во стан пријавениот заедно со Н.Н. лицето го извршиле на тој начин што откако дошле до влезната блиндор врата од станот со употреба на погоден алат ја отклучиле влезната врата од станот и влегле во претсобјето. На шкафчето во предсобјето пронашле една женска чанта која ја зеле со себе, а потоа ја отвориле вратата од спалната соба, каде спиеле оштетените, влегле во собата и од едното столче земале една машка јакна и незабележани од оштетените кои цврсто спиеле излегле од станот. На одморалиштето ги пребарале џебовите од јакната во кои не нашле ништо, а по пребарување на чанта во еден паричник пронашле и одзеле 1.100 денари, а потоа повторно го вратиле паричникот во чантата и заедно со јакната ги вратиле во предсобјето на станот, по што истите го напуштиле лице местото.

Веднаш после извршувањето на првото кривично дело В.П. и непознатото лице дошле до влезната блиндор врата од соседниот стан и со употреба на погоден алат се обиделе да делуваат на бравата, но бидејќи на самата брава имало од внатрешноста клуч од сопственикот, пријавените по неколку неуспешни обиди за да ја отворат заклучената влезна врата, се откажале од намерата и го напуштиле лице местото.

Сторителите биле забележани од оштетениот кој веднаш ја известил полицијата за настанот.

 
 
03.01.2016 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега