Тешка сообраќајка: Специјалната обвинителка излета во провалија со својот џип пред Македонски Брод

Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил во сообраќајна несреќа која се случила попладнето на 27 декември, 2015 година, во близина на Македонски брод, јавува Нетпрес повикувајќи се на полициски извори.

Порталот пишува дека таа, и нејзиниот неколку години помлад совозач, за среќа минале без телесни повреди во сообраќајката. Значителни оштетувања имало на нејзиниот автомобил марка „рено каптур“ со скопски регистерски ознаки.

Нетпрес пишува дека во документацијата која ја сочинила увидната полициска екипа, наводно совозачот бил заведен како „нејзин пријател“, без име и презиме. 

Ленче Ристоска, обвинител во Специјалното јавно обвинителство, имала сообраќајна несреќа со својот автомобил марка „рено каптур“, на 27 декември во околу 15.50 часот, кај влезот во село Требовље, во близина на Македонски брод.

Полициска екипа која извршила увид на местото на несреќата, констатирала дека до немилиот настан дошло поради неприлагодена брзина кон условите на патот. Полицајците утврдиле дека Ристовска возела со голема брзина на лизгав и подмрзнат тесен пат. Во еден момент таа изгубила контрола врз автомобилот и излетала од патот. Возилото завршило во плитка провалија. При падот автомобилот дури и неколкупати се превртел.

Зачудени од тоа како возач би можел да управува автомобил со толкава брзина по толку тесен, подмрзнат и лизгав пат, полицајците во првите моменти помислиле дека Ристоска е под дејство на алкохол. Веднаш и направиле алко-тест, но останале зачудени кога виделе дека во нејзината крв немало воопшто алкохол.

Полициската екипа, поради прекршокот, и пишала платен налог за глоба во висина од 50 евра, во денарска противвредност, на Ристоска, кој што таа го потпишала без никаков приговор.

 
 
04.01.2016 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега