Вечерва тешка сообраќајка пред Радовиш: Двајца загинати

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вечерва во близина на четвртиот километар на патот Штип-Радовиш загинаа двајца штипјани.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила околу 19 часот кога патничкото моторно возило со кое се превезувале двајцата штипјани излетало од коловоз и паднало во реката Брегалница.

Во тек е увид од страна на истражните органи на местото на несреќата/ Се уште не се знае дали двете лица починале поради здобиени повреди од удар или се удавиле во реката, што треба да покаже истрагата.

Подетални информации за несреќата Панајотова најави за во текот на утрешниот ден.

Press24 веќе објави дека станува збор за двајца чувари од затворот во Штип.

 
 
04.01.2016 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега