Трагедија која го зави Штип во црно: Познат идентитетот на загинатите

riste-koce

Полицијата го утврди идентитетот на двајцата загинати во вчера вечерта со автомобил  завршија во водите на Брегалница.

Ристе Ш. (30) и Коце П. (41) се двајцата вработени во штипскиот затвор кои загинаа синоќа откако од засега непознати причини со автомобилот излетале од коловозот и завршиле во водите на Брегалница. Двајцата колеги починале на лице место.

Дел од медиумите синоќа објавија дека останатите двајца колеги кои биле во автомобилот позади нив, веднаш застанале и влегле во водата за да ги спасат колегите, но било предоцна за нивните колеги.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а телата се предадени на обдукција.

 
 
05.01.2016 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега