Црн викенд во Македонија: Маж во големи маки почина во својата куќа

Во текот на вчерашниот ден во 11 часот и 30 минути во Полицијата во Крива Паланка било пријавено дека во селото Дурачка Река, 50-годишниот Орце И. починал како последица на гушење од чад.

Имено, од шпорет на дрва се запалиле дел од кујнските елементи и алишта. Увид на местото на настанот извршиле инспектори, а од страна на лекар од Куманово констатирано е дека нема траги на насилство и дека причината за смртта е труење со јаглероден моноксид.

Телото на починатиот е оставено на семејството за погреб.

 
 
09.01.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега