Уште една трагедија ја потресе Македонија - Пронајден мртов маж

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Седумдесет и две годишниот Благој К. од Демир Капија вчера утрината е пронајден мртов во домот на улицата „Партизанска“.

-Истиот е пронајден на кревет во зачадена просторија од оган кој се уште тлеел на едната страна на креветот, информираат од полицијата.

Смртта настапила како последица на загушување од чадот,а истата е констатирана од лекар од Итната медицинска помош, кој на нозете на починатиот забележал изгореници.

Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

 

 
 
10.01.2016 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега