Го обиколи светот: Чудесна фотографија која го слави раѓањето и новиот живот (ФОТО)

 

Една австралиска бабица направила феноменална фотографија која ја слави сета убавина на доаѓањето на овој свет...

Првите моменти од животот на бебето се чудесни и восхитувачки.

Фотографката и бабица Ема Џин Нолан ја искористила приликата да ја забележи моќта на раѓањето со преубава фотографија за која зборува целиот свет. Имено, на фотографиајта е бебето Харпер кое е сликано само 90 минути по доаѓањето на свет. 

Детето од Австралија е врзано со папочната врвка со својата плацента и со неа е испишан зборот „love"(љубов),А на овој начин Ема сакаше да и одаде чест на маорската традиција.

Имено, Маоирите, постелката која не храни додека сме неродени битија ја викаат "whenua", што е истовремено и име за земјата. Папочната врвца е "pito" и претставува врска меѓу нас и Мајката Земја.

 

Полинезиското домородно население од Нов Зеланд постелката и папочната врвца заедно ги закопува назад во земјата како симбол на поврзаноста на животот, а оној чија постелка е вратена во земјата станува чувар и е должен да се грижи за земјата на која е роден.

 
 
13.01.2016 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега