Екстрадиран македонски државјанин осомничен за настаните во „Диво Насеље“

Од Република Србија денеска е екстрадиран македонски државјанин осомничен за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам” поврзани со настаните во „Диво Насеље“, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

- Кон крајот на октомври минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година. Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка​, надлежниот јавен обвинител имаше издадено наредба за спроведување на истражна постапка​ за уште тројца македонски државјани што во тој момент беа недостапни на органите на прогонот, се вели во соопштението од Обвинителството.

 
 
15.01.2016 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега