Се е во Божји раце: Нови информации за Шумахер

Претседателот на FIA, Џен Тодт откри дека папата Франциско се молел за задравјето на легендарниот германски возач на Формула 1, Михаел Шумахер.

Германецот кој во кома поминал 159 денови, сега се лекува на имотот во Швајцарија, а неговото семејство е покрај него.

Како што пишуваат медиумите, Шумахер е во инвалидска количка, не може да зборува и има проблеми со памтењето и моторните функции.

„Михаел ми е во срцето. Сите знаеме дека е дел од нашето семејство. Побарав од папата Франциско да се моли за неговото здравје. Папат ми рече дека со задоволство ќе го направи тоа. Сега е се во рацете на Бог“, рече Тодт.

 
 
15.01.2016 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега