Ова сигурно не сте го знаеле за денешниот ден

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Научниците велат дека токму денеска луѓето се чувствуваат најосамени и ништо не им оди по планот.

Исто така, студеното време многумина држат затворени во четирите ѕида, новогодишната магија помина, а летото изгледа далеку, финансиската состојба не е добра, а секако и диетите со оглед на тоа колку се јаде за празниците, не одат во прилог.  Овој ден во 2005 година го утврдил академикот Клиф Арнели, земајќи го предвид мнозинството фактори кои би можеле да не депримираат , како што што се состојбата на банковната сметка, времето, стапката на развод и слично, пишува хрватски Индекс..

Јануари исто така е традиционалното време за разводи.

– Првиот понеделник кога децата се враќаат на училиште инаку е денот кога луѓето најчесто бараат развод на бракот. Најчесто тоа го одложуваат поради Божикните и новогодишните празници, а на почетокот на јануари  се во метеж бидејќи се оптоварени со реализација на новогодишните одлуки, појаснува адвокатот Варнер Гудмен.

 

 
 
18.01.2016 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега