Фолк-легендата збесна и ја избрка ќерка си од дома - што се случило?

Познатиот фолк-пејач Шабан Шаулиќ (64) ја избркал ќерка си Илда Шаулиќ (38) од својата куќа.

Како што пренесуваат медиумите во регионот, пејачот купил куќа во елитната белградска населба Дедиње, во близина каде што неговата ќерка Илда има стан. Кога се преселиле во таа куќа, Илда поминувала повеќе време  кај нив дома отколку во својот стан.

 

Пејачката наводно била многу нервозна и постојано плачела, Шабан тоа го забележал, и кога ја прашал која е причината за нејзиното депресивно расположение, таа му признала дека е во врска со двојно постар партнер кој и прави љубоморни сцени па поради тоа постојано е нерасположена.\

Двајцата се скарале и тој ја избркал од дома бидејќи не сакала да го послуша.

 
 
19.01.2016 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега