Денеска задолжително гушнете ги саканите - еве зошто

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на прегратката. Денот на прегратката настанал за луѓето да можат да ги изразуваат своите чувства и емоции во јавност.

Денот на прегратката настанал во 1986. година во САД, а со текот на времето се проширил и во остатокот од светот.

Целта на празнувањето на овој ден е тоа што им помага на луѓето да ги изразат своите чувства во јавност, а би требало да биде прославен на тој начин што ќе го прегрнете секого кого ќе посакате.

Прегратката гради доверба и чувство на сигурност, а воедно ја зајакнува поврзаноста со личноста која ја гушкаме.

Таа е добра за нашиот имунитет, бидејќи ја стимулира жлездата која го поттикнува производството на белите крвни зрнца. Ги опушта мускулите во телото и ја ублажува болката, а најдобро од се е што прегратката е бесплатна…

Овој човечки контакт има навистина големо позитивно влијание врз психичкото и физичкото здравје. Дури и во најтешките денови прегратката сигурно ќе ви помогне.

Меѓународниот ден на прегратката е прогласен од страна на Кевин Заборни, кој се смета за амбасадор на прегрнувањето.

 
 
21.01.2016 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега