Чудо: Родено бебе со две глави

Анита Тивари (28) била убедена дека носи близанци, меѓутоа на породувањето ја дочекало непријатно изненадување. Таа во саботата родила машко бебе кое има две глави.

-Ова е шок. Незнам како да ви опишам што чувствувам. Ова е мое дете, но...Би била среќна да родев здраво дете, а не...-рекла Тивари непосредно по породувањето.

И додека лекарите биле во шок, мештаните од градот Канпур се собрале пред болницата да го прослават раѓањето на „чудото од дете“.

Иако детето е здравородено, неколку часа по породувањето почнале компликации и проблеми со дишењето. Лекарите се бореле да го спасат животот на бебето, но 30 часа по раѓањето бебето починало.

Анита претходно родила две здрави женски деца.

 
 
21.01.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега