2015 беше најтопла во Историјата но... - оваа година ќе биде срушен рекордот

Претходната година беше најтопла откога температурата се мери 1880 година, објавиле НАСА и Американската канцеларија за океани и атмосфера (NOAA). Но како што изгледа, планетата продолжува да се загрева, па така овој рекорд би можел да падне оваа година.
 
Дека претходната година ќе го сруши претходниот рекорд беше јасно веќе подолго време, а и 10 од 12 месеци биле најтопли во историјата. Температурата во претходната година биле за 0,9 Целзиусови степени над просекот на 20-тиот век, па дури и последниот месец во годината на поголем дел северната хемисфера бил прилично топол, пишува CNN.
 
Еден од најголемите виновници за најтоплата година е Ел Нињо, кој од 1997 година се придружи на листата на најмоќните. Него го карактеризира загревање со зраци на тропските делови на Тихиот океан, па покрај тоа што се загрева океанот во атмосферата се исфрлува вишокот топлина што дополнително ја зголемува температурата. Нормално, за зголемувањето на температурите во голема мера е заслужно и емисијата на CO2 и други емисии на штетни енергенси за кој е заслужен човекот наведува NASA. Па според тоа, голема е веројатноста дека оваа година ќе ја надмине претходната во температурата. Од 16 најтопли години, дури 15 се после 2000-тата година. 
 
 
21.01.2016 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега