ВИДЕО: Што се случува кога го одложувате одењето во тоалет

Итно морате во тоалет, но чекате да дојде последниот миг само да ја искуцате пораката, да ја соберете уште оваа играчка, да ја згреете храната…. Колку е штетно да се задржува урината? Како сето тоа се одразува на вашиот организам?

Во суштина тоа не е опасно, доколку сето тоа не го правите пречесто. Возрасна личност може да задржи половина литар течност, додека не дојде моментот кога навистина мора да оди во тоалет.

Сепак, ако постојано ја задржувате урината, може да дојде топкму до состојба која се нарекува уринарно задржување кога не сте во состојба целосно да ја испразните бешиката. Тогаш се ослабени ѕидовите на бешиката, што може да биде повик за бројни бактерии. Така доаѓа и до чести воспаленија или уринарни инфекции.

Во ретки случаи, бешиката може и да пукне. Меѓутоа тогаш таа е веќе значително оштетена.

“SciShow” направи интересно и едукативно видео.

 
 
21.01.2016 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега