Најтешко машко признание: Дури кога замина, сфатив колку многу ја сакам

Иако зад себе често имаат личности со кои можат да се гореат и кои ги сакаат, мажите обично поради докажување на својата машкост или градење на самодоверба бараат уште некоја личност од страна. Така најверојатно ќе бидат “ поголеми мажи“. Сепак, постојат и личности кои искрено се покајуваат кога ќе сфатат дека направиле грешка. Токму таква е приказната и на ова момче кое по грешката и неверството сфатило колку ја сака неговата девојка: 

- Беше мојата прва њубов, моето СЕ на светот, но ја заменив со девојка која упроно ми се анфрлаше иако и зборував на неа дека имам девојка која  ја сакам и дека меѓу нас не може да биде ништо, но таа не се откажуваше, а јас бев неиживеан и за прв пат ми се случи некоја девојка да ми се нафрлува. Мојата девојка сето тоа го дозна но молчела, не сакаше да ме остави, ме сакаше, знаев за тоа. По два месеца откако дозна дека се гледам со друга жена, ме остави, повеќе не можеше...

Беше несреќна, ја видов како плаче, најмногу ме заболе на разделбата кога за  последен пат ме прегрна и ми рече: „ Да знаеш дека никој волку и поради тоа што се случи, нема да те сака како јас“. 

Беше во право. Откогаш помина година дена, денеска случајно ја сретнав, беше среќна, насмеана, едноставно зрачеше... Сфатив дека е среќна, дека има некој кој ја сака и ја чува онака како што не умеев јас... Со никој не се гледаше 5-6 месеци после нас, чекаше да се опаметам и да ги оставам овие кои ме искористуваат. Сфатив колку навистина ја сакам, рекол во несреќно момче. 

 

 

 

 

 

 
 
22.01.2016 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега