Дечиња со пречки во развојот заминаа на летување во Охрид

Група од 40 дечиња и млади лица со пречки во развојот замина на летување и уживање на плажите во Охрид.

Се работи за членови на Здружението на лица заболени од церебрална парализа од Велес кои вчера заминаа на летување во Извидничкиот центар во Охрид, соопшти денеска на прес-конференцијапретседателката на здружението Далиборка Златева.

Претседателката истакна дека еособено тешко да се обезбедат финансиски средства за вакви активности па затоа и упати апел до локалната власт, како и до ресорното министерство да се стави поголем акцент на оваа категорија на граѓани затоа што нивната рехабилитација и социјализација е општествен проблем.

Тие заминуваат преку Здружението на лица заболени од церебрална парализа од Велес, а финансиски поддржано од ЦИРа и Швајцарската агенција за развој, рече Златева.

 

најчитано сега