Паско Кузман приведен со две други лица- МВР го гони за злоупотреба на положбата

Паско Кузман ќе одговара за злоупотреба на службената положба и овластувањата, соопшти МВР.

Полицијата го товари за издавање на дозволи за ископување надвор од законските процедури и нанесување на штета на државниот буџет со повикување на полициска асистенција надвор од процедурите во висина од 1.200.000 денари.

Заедно со него, во псоебен извештај упатен до Јавното обвинителство, опфатени се три други лица, од кои двајца се денеска приведени а еден беше уапсен со акцијата Фаланга 2.

Кзуман според пријавата на МВР бил поттикнат од претходно приведениот Илче Бојчески, раководител во Управата за заштита на културното наследство да ја злоупотреби својата позиција ид а издаде решенија за ископување на две спорни локации- Драмски Рид кај Делчево и кај Катланово.

Засега Кузман не се товари какод ел од групата која вредните артефакти ги изнесувала надвор од земјава и ги продавала на црниот пазар.

Паско Кузман во моментов е пред истражен судија каде треба да даде своја верзија на настаните. Обвинителството најверојатно ќе бара 30 дневен притвор.

најчитано сега