Сексуалниот живот како најбитен фактор во врската и бракот - еве како да го усовршите

 

Вашиот сексуален живот е добар, но секогаш има место за подобро. Не треба да се плашите од промените, туку да ги истражите. Па да видите што е тоа што на вас и вашиот партнер ви одговара. Тоа е рецептот за подобар сексуален живот.

1. Разговор.

Многу експерти советуваат дека е најубаво да се поразговара за „чудните“ сексуални фантазии и желби кои ги имате, пред навистина да ги примените во креветот.

Исто така морате да сфатите дека за било која перверзија на партнерот, да не очекувате  тоа секој пат на партнерот му одговара.

Доколку вашата идеја е одбиена, прифатете го тоа како такво бидејќи ни една караница нема да го промени мислењето. Од друга страна со смиреноста можеби и ќе дојдете до прифаќање на идејата.

2. Предигра.

Заедничкото гледање на порнографија, или читање некоја еротика може да ви даде нови идеи.

Вашата партнерка можеби е веќе заинтересирана за некои работи, но никогаш не ги споделила со вас, полесно ќе и биде да ви признае и каже кога би истражувале нешто заедно.

Кога сте се договриле околу новите работи, направете го тоа дома.

Доколку се работи за секс играчки подобро истражите како се користат за да не дојде до некоја незгода.

Доколку вашите фантазии не се исти, можете да ги поделите на „негова вечер“ и „нејзина вечер“, па така ќе направите совршен компромис и секако, дамите имаат предност.

3. Детали.

Ако имате деца тоа би било проблем за „валкани“ секс варијанти. Најдобро би било барем еден ден во неделата да ги препуштите кај бабите и дедовците, а вие да се опуштите сами во својот дом, или хотелска соба.

 

Откако ќе заврши се бакнете ја вашата партнерка и кажете и колку уживавте во се. Наредниот ден поразговарајте на кого што му се допаднало, за да бидете сигурни дека ова сексуално искуство било одлично и повторно да правите такви авантури.

 

 

 

 

 

 

 
 
23.01.2016 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега