Паско Кузман 30 дена во куќен притвор

Екс-директорот на Агенцијата за заштита на културното наследство, Паско Кузман пред малку добил 30 дена куќен притвор, потврдуваат за Press24 од скопскиот Кривичен суд. 

Тој утрово беше уапсен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Осомничен е дека нелегално давал дозволи за ископување на археолошки локалитети.