Загатки кои ќе ви го поматат умот – гарант нема да дадете ниеден точен одговор!

Во продолжение прочитајте ги прашањата и убаво замислете, а одговорите ќе ги прочитате најдолу во текстот.

  1. Во кошница имате пет јаболка, кои треба да ги поделите на пет луѓе. Како ќе го постигнете тоа, а да ви остане едно јаболко во кошницата?
  2. Како ќе го зголемите бројот 66 за 1,5 пат без никакви математички пресметки?
  3. Во фиока имате 22 сини и 35 црнии чорапи. Колку треба да извадите за да добиете еден пар?
  4. Во харфа ги има пет, а во гитара шест. За што станува збор?
  5. Едно куче е заврзано на каивче долго 10 метри, но успеало да се оддалечи 200 метри од сопственикот. Како?
  6. Нешто ваше другите го користат многу повеќе отколку вие. Што е тоа?
  7. Вие сте во авион, а пред вас има коњ, зад вас автомобил. Каде сте?
  8. Каде може да најдете реки без вода, градови без згради и шуми без дрва?

 

 

Погледнете ги одговорите:

  1. Едното јаболко ќе го дадете сосе кошница.
  2. Ќе го свртите наопаку.
  3. Три.
  4. За букви.
  5. Каивчето не било врзано за ништо.
  6. Вашето име.
  7. На вртелешка во луна парк.
  8. На мапа.
 
 
27.01.2016 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега