Исповед на оставен маж: Бев најлошиот љубовник и не се срамам од тоа

Кога ќе дојде до растурање на бракот, во поголем број случаи сопружниците го обвинуваат својот партнер, но не е случај тоа со Серж Бјанко. Овој амерички блогер признава дека сам си го уништил бракот, а сега сака да ги сподели четирите грешки кои ги направил, кои со текот на времето довеле до развод.

1. Се здебелив

Серж раскажува како не се здебелил во физичка смисла, иако има некој килограм повеќе. Станал многу мрзелив откако се оженил, све почнал да зема здраво за готово. 

-Бракот ми делуваше прилично од самиот почеток. Мислев дека сум се оженил со мојата жена Моника, затоа што сме створени еден за друг и поради тоа бев 99 проценти сигурен дека можам да едноставно да бидам и да правам што сакам, пишува Серж

Али сфатил дека тоа била голема грешка. Тој кажува дека цел брак бил на аутопилот и поради пропуштил многу ситници, кои на крајот се собрале и довеле до растурање на бракот.

2.Во сексот се вртеше околу мене

-Бев еден од најлошите љубовници на светот. Можда ви е чудно што ова го кажувам, и тоа е во ред. Сега живеам живот со искреност, и сум подобар човек поради тоа. Би бил спремен да се обложам во пакет ладно пиво дека немате поима колку сте уствари лоши во креветот. Веројатно би рекле: „Али Серж, јас сум прилично среќен со својот сексуален живот. И понатака редовно имам секс, а тоа повеќе од тоа што повеќето момци на работа можат да кажат“. „Те разбирам пријателе, и јас го мислев тоа.

Али тој подоцна сфатил дека работите во креветот не биле баш толку убави, барем не за неговата жена. Серж признава дека бил многу себичен во сексот и дека никогаш не ги слушал нејзините желби и потреби. И затоа сега нема воопшто секс.

3. Никогаш не учествував во плаќањето на сметките

Серж нагласува дека имал работа и заработувал онолку колку можел, али не е работата во тоа. Тој на својата поранешна жена и ја препуштил работата околу финансиите во потполност, и никогаш не се трудел да и помогне. Иако била добра во тоа, овој разведен блогер смета дека тоа била голема грешка

-Поголемиот број од жените сакаат и заслужуваат да се чувствуваат како некој се грижи за нив, без обзир на тоа колку се самостојни или силни. Они сакаат да ја осетат онаа сигурност која може да дојде единствено  кога знае дека нејзиниот партнер е свесен и поактивен по прашањата за заедничкиот живот. А дел од тоа е самиот чин на плаќање сметки, давање инвестиции и познавање на цените во продавниците. Затоа соочете се со тоа и потрудете се, советува тој.

4. Кажав работи кои никогаш нема да можам да ги избришам

Тој смета дека најголема грешкс која ја направил, е непромисленото вреѓање. Тоа бил негов начин да се одбрани кога ќе почне да се кара со сопругата, али во тие караници кажал некои работи кои никогаш нема да може да ги избрише.

-Ништо баш ништо не може да ги избрише некои работи кои сте ги рекле на друг човек. Можете со години да се трудите да ги исправите работите, но верувајте ми, цел живот ќе се каете за некои зборови, кажува тој.

Затоа на сите луѓе кои имаат проблем со контролата на емоциите, ги советува да пронајдат некој начин да си помогнат сами себеси, а со то и на својот брак. Размислете пред кажете нешто, дури и кога имате жестока караница.

 
 
27.01.2016 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега